Дали Валенсија беше во офсајд пред голот на Јунајтед? Еве доказ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и Ливерпул ремизираа на Олд Трафорд во рамките на 21 коло од Премиер лигата.

Поведе Ливерпул во првото полувреме, после грешката на Пол Погба, Милнер реализираше пенал.

Домаќинот од тој момент имаше неколку големи шанси, но Симон Мињоле беше на висината на задачата секој пат.

Сепак, ништо не можеше кај голот на Златан Ибрахимовиќ во 84 минута, после гужвата во казнетиот простор на гостите, искусниот Швеѓанец со глава го матираше Белгиецот, повеќе за дуелот ТУКА.

На погодокот на Ибрахимовиќ, претходеше статива кој со глава ја погоди  Маруан Фелаини, после центаршутот на Вејн Руни од левата страна.

Сепак, се чини дека почетокот на целата акција е кај Антонио Валенсија, беше во офсајд, кога ја прифати топката, пред што ја испрати кај капитенот на Ѓаволите, кој потоа го пронајде Фелаини.

Ако судијата го подигнеше знаменцето, немаше да ја видиме ни стативата на корпулентниот Белгиец, а ни погодокот на Златан Ибрахимовиќ, кој следеше после што топката се одби од рамките на голот на гостите.

Во продолжение погфледнете фотографија и проценете дали десниот бек на Јунајтед беше во офсајд позиција.