Оценки од дербито – Чан играч на натпреварот, Ибра спасител!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ова се оценките од најголемиот англиски натпревар. Реми во кое имаше малку јунаци…

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Де Геа 6 – Имаше една добра одбрана, практично тоа се што одеше беше во рамките на голот.

Валенсија 7 – Во второто полувреме еден од клучевите во подобрата игра на Јунајтед. Одличен во офанзивата како и обично, асистент кај голот.

Дармијан 6 – Тоа што е проблем кај него е видено и денеска, многу подобар во дефанзива, покрај тоа, иако може да игра лево, тоа не е негова природна позиција.

Џонс 6 – Направи една голема грешка, но во поголемиот дел одработи доста добро.

Рохо 6.5-  Се врати после повредата, не одработи лоша работа против Ориги и подоцна Фирмино.

Керик 5.5 –  Мурињо го повлече после првото полувреме во кое „пливаше“ и подоцна, после тоа тимот изгледаше подобро.

Погба 5. Сите видовте, ова е тој ден кога е подобро да не се појавеше.

Ерера 7 – Најдобар играч во средниот ред на Јунајтед, после излегувањето на Керик се повлече и практично од него почнуваше секоја акција.

Михтаријан 6 – Имаше одлична шанса во првото полувреме, неколку добро продори, но воглавно загуби многу дуели со ривалите.

Марсијал 6 – Добро почна, но после тоа не го искористи неискуството на директниот ривал Александер – Арнолд.

Ибрахимовиќ 7 – Изгуби дуел со Ловрен и Клаван, но тоа е Ибра, еден момент и се се промени.

Руни 7 – Влезе во продолжението, имаше неколку лоши додавања, но оценката е повеќе бидејќи ја започна акцијата кај голот.

Мата 5.5 Незабележителен по влегувањето.

Фелаини 7 – Одличен во финишот, малку недостасуваше да постигне гол, покажа на навивачите дека неправедно му свират.

ЛИВЕРПУЛ

Симон Мињоле 7 – Две одлични одбрани во првиот дел, но дали можеше подобро кај голот, останува прашањето.

Александер – Арнолд 7 – Оценката повеќе за детето кој на моменти беше нервозен, но после проблемите со Марсијал играше се подобро како мечот одминуваше.

Рагнар Клаван 6.5 Заспа во неколку наврати, кај шансата на Михтаријан, но генерално добро се носеше со Ибра.

Дејан Ловрен 7 – Ова беше еден од тие денови кога Хрватот беше коцетриран, не греши, доби поголем број на дуели, еден од најдобрите.

Џејмс Милнер 7.5 – Имаше проблеми по страните, поготово во финишот, се гледа дека е ранлив, но тој е драгоцен фудбалер. Бонус е голот од пенал.

Емре Чан 8 – Според нас, играч на натпреварот. Лесно излегуваше на крај со Погба, стигна се, одзеде најмногу топки, не грешеше во пасот. Маестрална партија често потценет играч за врска на Ливерпул.

Џордан Хендерсон 6.5 – Капитенски, тоа што се бараше од него и го одбработи, имаше неколку важни интервенции, но наследник на Џерард? Немојте тоа да го зборувате.

Жоржињо Вајналдум 6 – Упропасти неколку одлични ситуации да донесе на тимот победа, а во една баш беше себичен кога требаше да ја додаде топката на Кутињо.

Адам Лалана 6 – Лалана не го искористи просторот кој се отвори, можеби за победа на Ливерпул недостасуваше оној момент на негова магија која обично ги решава ваквите мечеви.

Роберто Фирмино 6.5 – Не направи нешто конкретно, но играше на две позиции, пред и после излегувањето на Ориги, одличен во фазата на дефанзива и расипување. Се чини дека го одработи тоа што Клоп го бараше од него. Имаше голема шанса во продолжението.

Ориги 6. Се жртвуваше во првиот дел, добро играше пресинг, можеше подобро да реагира во таа ситуација во финишот на првиот дел кога Јунајтед навистина беше здрман.

Филипе Кутињо  6.5 – Класата е секогаш класа, подготви шанса на Фирмино од која гостите можеа да победат.