Јапонија не издржа против Бразил – Белорусија подобра од Саудиска Арабија во драматична завршница


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес на програмата од 20:45 се одиграа 2 натпревари на СП во Франција.

Во првиот натпревар кој се играше, во групата А подобар беше Бразил од Јапонија со

Натпреварот во првиот дел беше израмнет, а неколку пати Јапонија имаше водство, но пред самиот крај на полувремето Бразил ги зема конците во свои раце и имаше предност во еден момент од 4 голови, но до крајот на полувремето тоа се намали на само 2 голови.

Во вториот дел малку подобра игра од страна на Бразил и зголемување на водството. Јапонија се обидуваше да се врати во натпреварот, но не можеа да го најдат патот до мрежата на противникот, па на крајот Бразил триумфираше со 27:24.

Најдобар стрелец во тимот на Бразил беше Лангаро со 8 постигнати голови додека во тимот на Јапонија најдобар беше Токуда со 8 постигнати голови.

Во вториот натпревар кој се играше помеѓу Белорусија и Саудиска Арабија гледавме драма од првата до последната минута. Борбата стануваше пожестока како поминува времето, а на полувремето двата тимови заминаа со резулатат 14:13 за Белорусија.

Драмата продолжи и понатаму, а дури во самиот финиш на натпреварот Белорусија успеа да направи разлика и да победи во натпреварот со 29:26.

Најдобар стрелец во натпреварот беше Пуковски со 8 голови.