„Забавно, но не и квалитетно затоа што заслуживме повеќе!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мурињо не е задоволен со освоениот бод во дуелот со Ливерпул и смета дека неговиот тим заслужил да победи во дербито.

Двата ривали во 50-от меѓусебен дуел одиграа 1:1, а Јунајтед стигна до бод во самата завршница со голот на Ибрахимовиќ.

„Беше забавно. Морам да се сложам, но не и квалитетно. Двата тимови можат многу подобро од ова.“

„Но беше многу забавно, бидејќи создадовме шанси пред нивниот гол. Тие беа подобри во одбраната и сигурно е добро да се гледаат нивните дефанзивни способности.“

„Го сменивме нашиот начин на игра затоа што Ливерпул беше одличен во вршење притисок. Одлучивме за директен пристап и им создадовме многу проблеми.“

„Ние бевме тимот кој напаѓа, тие беа тим кој се бранеше. Освоен бод е нешто што мораме да го прифатиме, но мислам дека заслуживме многу повеќе.“

„Тие ја прекинаа нашата серија, но не ја прекинаа нашата низа без пораз.“