Што Јојо рече после голот од соништата, а како тоа го опиша тренерот Сампаоли?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лудницата околу Стеван Јоветиќ продолжи и надвор од теренот на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“.

Црногорскиот фудбалер во своето деби во Примера, влезе во игра при резултат 0:1, во 67 минута, а во судиското продолжение постигна одличен гол за пресврт и победа.

Кога се чинеше дека ремито ќе биде конечен исход, Стеван Јоветиќ повторно ја погоди мрежата на Реал со прекрасен удар од преку 20 метри и така ја прекина низата на Реал без пораз од февруари од минатата година!

„Не можев да замислам подобар почеток. Благодарам на сите, благодарам на моите соиграчи, благодарам на тренерот, благодарам на навивачите“, рече непосредно после мечот Јоветиќ.

А Хорхе Сампаоли, тренерот на Севиља, кратко и јасно го опиша својот нов херој.

„Можеби во минатото не можевме да видиме колку вреди, а во оваа вечер покажа колку Јоветиќ е голем играч“, рече Сампаоли.