Канаваро гради тим за азиската ЛШ, после Витсел доаѓа и напаѓач од 50 милиони!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот клуб на Тијанџин е одлучен да направи силна екипа оваа сезона.

После доаѓањето на Алекс Витсел од Зенит, Канаваро сега го сака во својот тим и Радамел Фалкао.

После неуспешните сезони во Сити и Челси, оваа сезона Фалкао повторно блеска во Лига 1.

Тој на 14 натпревари за Монако постигна 12 погодоци и е еден од најзаслужените за тоа што Монако е прв на табелата.

Тијанџин е спремен да плати 50 милиони евра, но Монако малку ќе размисли, бидејќи овој играч е еден од клучните оваа сезона, а во 2013 пристигна за 60 милиони евра.