Меси со интересни барања кон Барселона – Што е потребно освен пари за нов договор?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Лионел Меси сеуште не ги договорил новите услови за новиот договор со Барселона.

Легендата на тимот веќе долго време преговара со тимот, но сеуште нема ништо.

Наводно, Меси барал 30 милиони евра по сезона, а тоа би било голем удар за буџетот на тимот. Меѓутоа, по се изгледа дека парите не се главна улога за новиот договор.

Тој сака гаранција дека во клубот ќе останат Нејмар и Луис Суарез, но и Маскерано кој има договор до 2019 година.

Меси има понуда од ПСЖ, Сити и Интер, а ако Барселона се откаже од него ќе заштеди 180 милиони евра, колку што ги чини 3-годишен договор со даноци.

Заработката на неговиот трансфер би била огромна, а неговиот актуелен договор завршува во 2018-та година.

Аргентинецот оваа сезона постигна 27 голови во 24 натпревари.