Њујорк остануваат без својот најдобар кошаркар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кармело Ентони најави заминување од Њујорк. Тој во лето ќе наполни 33 години, а титулата која ја посакува не е ниту блиску.

Ентони е незадоволен со тимот, а отворено најави дека ќе замине по натпреварот со Торонто.

„Искрено, не размислував многу за тоа, но чувствувам дека моето време во Њу Јорк заврши.“

Овој 32-годишен кошаркар стигна во НБА од универзитетот Сајракус.

Го избраа Денвер како трет пик на драфтот во 2003 година, а дресот на тимот од Колорадо го носеше до 2011 година.

Тогаш премина во Њујорк, но таму не направи ништо посериозно.

Ентони оваа сезона постигнува по 22 поени по натпревар, а во кариерата има просек од 25 поени.