Димитри Паје се договори – Наредниве денови заминува од Вест Хем


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Димитри Паје ќе го напушти тимот на Вест Хем во наредните денови.

Овој одличен фудбалер одби да настапува за тимот од Лондон и отворено побара трансфер до крајот на јануари, а како нов тим се споменува Марсеј.

Медиумите пренесоа информација дека Вест Хем добиле понуда од 25 милиони евра.  Работата на Марсеј се обидел да му ја уништи кинески клуб, но Паје го избрал дресот на францускиот тим.

Одличниот фудбалер стигна од Марсеј во Вест Хем во 2015 година за 15 милиони евра и во ПЛ постигна 15 голови во 60 натпревари.

Паје се поврзуваше и со Реал Мадрид, но на крајот тој ќе замине таму каде што најдобро се чувствува.