Кинезите со нов закон го стопираат ненормалното купување на странски фудбалери!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Кина (ЦФА) соопшти денеска дека планира низа на мерки како одговор на ирационалното трошење на пари на клубовите за трансфери  и плата на играчите.

„Нови мерки ќе бидат насочени за ирационалните инвестиции на клубовите, плаќање на високите оштети и платите на играчите, како на странските така и на домашните, но и други прашања“, се наведува во соопштението.

ЦФА изрази загриженост поради „потиснување на локалните таленти“. Како што се наведува, доаѓањето на голем број на скапи играчи штети на целата земја стана глобална сила во светскиот фудбал.

Вниманието ќе биде насочено на двата највисоки рангови на кинескиот фудбал, но не е соопштено за какви мерки се работи.

Доаѓањето на светските ѕвезди во кинескиот фудбал привлече внимание на јавноста, со оглед на тоа дека клубовите трошат голема количина на пари за трансфери и пари.

Кинеските клубови само во декември и јануари вкупно потрошија околу 300 милиони долари на оштета.

Владата на Кина постави неодамна цел за во наредниот период да произведува таленти кои ќе бидат способни за до 2050 година репрезентацијата на таа земја да ја одведат до титулата светски шампион.

Поради тоа се променети бројни правила, па така во секој тим може да има најмногу четворица странски фудбалери, а во исто време и барем двајца кинески играчи до 23 години.