Има и поважна работа од милионите – Фалкао на брилијантен начин ги одби Кинезите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кинеските клубови во претходните неколку месеци се вистински „хит“ во светскиот фудбал и има се повеќе играчи кои не можат да ги одбијат милионите од Кина.

Тијанџин на мета ги имаше Џеко и Калиниќ, но тие двајца ги одбија понудите од Кина.

Потоа клубот кој го води Фабио Канаваро се заинтересира за Фалкао, кој оваа година игра одлично.

Тијаџин испрати понуда за Фалкао, а тие се подготвени да платат дури 60 милиони евра.

Сепак, лоши вести за Тинајџин откако Монако ја одби таа понуда, но на инсистирање на Фалкао.

Колумбицот не сака да ја продолжи кариерата во Кина и изјави дека парите не му се воопшто важни.

„Никогаш немој да потцените што може да биде во срцето на еден фудбалер.“