„Победи подобриот, ќе играме и за Македонија против Тунис“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нашите ракометари беа убедливо поразени од Словенија во третото коло од СП во Франција.

Селекторот на словенскиот тим, а добро познат како и поранешен тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ покажа големо задоволство после триумфот против избраниците на Лино Червар.

„Благодарејќи на одличната одбрана со која располагаме, и одличниот голман имавме контрола уште од самиот почеток. Вечерва победи подобриот, тоа е јасно. Задоволен сум од овие три натпревари но секогаш сакам повеќе“

„Им посакувам успех и на Македонците во следните 2 кола. Ме знаете добро. Сакам сите да ги победам, посебно Тунис, ќе се обидеме да го совладаме Тунис, не само поради нас, туку и поради Македонија. Нема да биде лесно но уверен сум во победа“ – изјави Вујовиќ.

Натпреварот Словенија – Тунис е на програмта во вторник од 17:45.