Стигна подобрена понуда за фудбалерот на Јунајтед, договорот е тука


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се очекува Манчестер Јунајтед сега да попушти.

На Олд Трафорд знаат дека Мемфис Депај е промашување и сакаат да го продадат до крајот на јануари, но првата понуда од Лион лесно ја одбија. Французите не се продаваат и денес според Ле Парисиен ја зголемија цифрата.

Првата понуда од 13 милиони евра не ги задоволи во Манчестер Јунајтед, а истиот извор соопшти дека Лион сега спремил 15 милиони. Наводно, Мурињо не сака да го пушти Депај за под 17 милиони евра.

Манчестер Јунајтед го плати Мемфис Депај пред година и пол дена 34 милиони евра. Тој досега одигра 33 натпревари во ПЛ и постигна два погодоци. Откако стигна Мурињо на теренот помина само 20 минути.