„Словенците почнаа како што ние планиравме да започнеме“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Марко Нелоски на прес-конференцијата ја честиташе победата на Словенија, честита и за одличните игри и за големата борбеност.

„Честитки за одличната игра на Словенија, тие почнаа како ние што планиравме да почнеме. Го загубивме ритамот и потоа беше тешко да се вратиме во дуелот. Словенците играа многу посложно и многу поборбено, се обидовме да се вратиме, ја менувавме одбраната, не не успеавме. Имавме премногу избрзани напади и така не може да се вратите против квалитетен ривал како Словенија“ – беа зборовите на Марко Нелоски

Нелоски постигна 1 погодок од 4 обиди на денешниот натпревар против Словенија.

 

ФОТО: Гол.мк