Данска го реши Скандинавското дерби – Русија и ја уништи надежта на Полска


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес на програмата од СП во Франција беа 4 натпревари.

Во натпреварот кој се играше вечерва помеѓу репрезентациите од Скандинавијата, подобра беше Данска од Шведска со 27:25.

Натпреварот подобро го отвори репрезентацијата на Шведска, но не траеше долго нивната добра игра затоа што Данска успеа да се врати во игра со неколку серии и максимална предност од 6 голови пред самиот финиш на полувремето, но Шведска успеа да намали само на 14:10 на полувремето.

Второто полувреме повторно започна подобро за Шведска, но Данска успеваше да го одржува резултатот до самиот финиш од натпреварот кога се засили темпото и борбата траеше до последните секунди од натпреварот, а на крајот успеа да победи Шведска со 27 :25.

Најдобар стрелец во натпреварот беше Хансен со 8 постигнати голови.

Во натпреварот помеѓу Полска и Русија немаше многу дилеми. Добар почеток на Полска и водство од 2:0, но тоа беше се од нив, Русија ја превзема иницијативата и доминираше, па со неолкоу серии успеа да стигне и до максимални 5 голови разлика, но на полувремето се замина со резултат 9:13.

Вториот дел од натпреварот подобро го започнаа Русите и така продолжија до самиот крај и победија на крајот со 24:20 и така ги направија само теоретски шансите на Полска за пласман во наредната фаза.

Најдобар стрелец во натпреварот беше Ковалев со 7 постигнати голови.