Ван Гал одби понуда од 50 милиони и рече збогум на фудбалот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот стручнак отиде во пензија после фамилијарна трагедија.

Легендарниот фудбалски стручнак Луј Ван Гал ја заврши тренерката кариера! Во разговор за холандски Телеграф 65-годишниот стручнак само го повтори тоа што и порано со години го зборуваше – дека кога ќе наполни 65 ќе прекине со работа.

Таа одлука само ја забрза фамилијарната трагедија – една од неговите ќерки остана без сопруг.

Вал Гал во разговор за Телеграф рече дека имаше понуда тешка 50 милиони евра за три сезони од еден клуб од Далечниот исток, но дека ја одбил и дека повеќе нема да се занимава со фудбал.

„Можев да одам таму, но не заминав. Многу работи се случија во мојата фамилија во последно време што влијаеше на мојата одлука“.

Холандскиот стручнак е без работа откако го напушти Манчестер Јунајтед во минатото лето.

Пред тоа ги водеше Ајакс, Барселона, Баерн, АЗ Алкмар и репрезентацијата на Холандија.

Во кариерата освои 17 трофеи.