Клајверт најде врска за нов играч! Се е на Германецот, куферот со 25 милиони евра е спремен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Светците го пикираат швајцарскиот репрезентативец со чилеански корени како човек за иднината на левата страна.

Челси, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Реал Мадрид, Јувентус, Интер, Милан, Пари Сен Жермен…Листата  на потенцијалните купувачи на првата ѕвезда на шварцарскиот репрезентативен фудбал и на Волфсбург Рикардо Родригез е се долга.

Но спортскиот директор на Пари Сен Жермен Патрик Клајверт има кец во ракавот и спремен е  истиот да го одигра веќе во оваа зима со цел попреку да стигне до потписот на еден од најбараните леви бекови во Европа!

Во прашање е Хулијан Дракслер. Момчето што неодамна ја задолжи опремата на Пари Сен Жермен за 42 милиони евра отиде од Волфсбург со горк вкус во устата.

А како што германскиот клуб лошо се однесуваше и кон швајцарскиот репрезентативец, Клајверт успеа да го убеди Дракслер да изврши разговори со Родригез и да го насочи на пат кон Париз.

ПСЖ одамна подготви куфер со 25 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула во договорот на Родригез, а сега е се на Германецот.

Како што јавува Франс фудбал, на Паркот на Принцевите нема да имаат ништо против Родригез да го капираат и за лето, бидејќи во ротација сепак ги имаат Максвел и Лејван Курзава.

Светците се спремаат за живот после заминување на бразилскиот бек, бидејќи пополека истекува рокот на траење, со оглед дека одамна гази во 36 годините од животот.

На Бразилецот договорот со ПСЖ истекува на лето, а во клубот сакаат да ги спарат Родригез и Курзава и така добиваат поприлично силна конкуренција на таа, и онака дефицитирна позиција. Можеби ќе имаат и најсилна конкуренција во Европа.

Целта е ПСЖ да го искористи тоа што Родригез и Дракслер се во добри односи на теренот и надвор од него, и играчот ќе има право да игра во ЛШ.

ПСЖ ќе го доведе во оваа зима или на лето. Нема да се откаже.