Гвардиола се изгуби целосно – 13 играчи заминуваат од Сити?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити би можел наскоро да доживее големи промени во тимот.

Медиумите пишуваат дека ќе се случат големи промени во Сити. Тешкиот пораз од Евертон беше доволен знак дека нешто не е во ред со клубот и дека тоа мора да се менува, а Гвардиола не е тој кој ќе добие отказ.

На него управата му верува, па тој ќе добие слободаво трансфери и ќе ги отпушти играчите кои смета дека не му се потребни.

Во лето Гвардиола би требало да направи големи промени во тимот, а главни желби се Рајан Бертранд и Вирџил Ван Дијк од Саутемптон, како и Обамејанг од Дортмунд.

Дури 13 играчи ќе го напуштат тимот во лето. Кабалеро, Забалета, клиши, Сања, Туре, Навас, Коларов, Харт, Мангала, Насри и Бони се сметаат за играчи кои не му се потребни, а не се знае иднината ниту на Компани и Делф.