Норвешка убедливо против Бразил – И двете репрезентации се пласираа во 1/8 финале


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Норвешка убедливо го совлада Бразил во натпревар од четвртото коло од групата А со 39:26.

Се играше израмнето се до резултатот 4:4. Јондал и Бјорнсен погодија за првото поголемо водство на Норвешка, 6:4.

Мирхол и Јондал зголемија на 8:5 во деветата минута од натпреварот. Бразилците постигнаа два погодоци со серија преку Толедо и Чиуфа и намалија на само еден погодок негатива, 10:9.

Двата погодоци на Сагосен му донесоа водство на Норвешка од три погодоци, 15:12. До крајот на првото полувреме норвежаните постигнаа три погодоци во серија. Два пати Сагосен и еднаш Јондал за 18:13 после првите 30 минути игра.

Бјорнсен со два погодоци и Јоханесен со еден погодок го отворија второто полувреме, 21:13. Норвежаните до првата двоцифрена предност на натпреварот стигнаа во 46-та минута кога Род постигна погодок.

Десет минути пред крајот на натпреварот Норвешка имаше водство од 9 погодоци, 32:23.

Норвешка на крајот славеше со 39:26 и ја запиша третата победа на ова СП. И Норвешка и Бразил се пласираа во 1/8 финалето.

Сандер Сагосен со 7 погодоци беше најефикасен кај Норвешка. Бјарте Мирхол и Магнус Род постигнаа по 5 погодоци. Кај Бразил најефикасен беше Фабио Чиуфа со 6 погодоци.