Нов потпис во Јунајтед!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Манчестер Јунајтед потврдија дека Антонио Валенсија потпиша нов договор со тимот од Олд Трафорд.

Еквадорецот оваа сезона е стандарден кај Мурињо на позицијата десен бек, па денеска ја продолжи соработката со Јунајтед до јуни 2018 година.

Во Јунајтед пристигна во 2009 година од Виган и од тогаш има одиграно 271 натпревар со 21 постигнат погодок и 6 освоени трофеи.

Оваа сезона е незаменлив со 23 натпревари стартер како десен бек.