„Имаме квалитет да бидеме шампиони“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн и во оваа сезона блеска во дресот на лондонскиот клуб.

Кејн во оваа сезона постигна 13 голови и се наоѓа на второто место на листата на стрелците позади Коста, Ибрахимовиќ и Санчез кои имаат по еден гол повеќе.

Неговите голови директно помогнаа на Тотенхем во освојвуање на голем број на бодови, а Кејн верува дека неговиот клуб на крајот на сезоната може да ја прослави титулата шампион.

„Дефинитивно имаме квалитет да бидеме шампиони. Во минатата сезона бевме многу блиску и тоа нас ни послужи како големо искуство., Мое мислење е дека сега имаме квалитетен тим и дека сме генерално сме силни како екипа“, започна Кејн, и продолжи:

„Неодамна го победивме Челси со 2:0 и таа победа ни даде многу самодоверба. Сега сме сигурни дека можеме да играме со сите и дека нема екипа во лигата која не можеме да ја победиме. Тој натпревар е рецепт за сите наредни дерби“.

Тотенхем моментално се наоѓа на второто место на табелата од Премиер лигата со седум бодови заостанување зад Челси.