Стигна понуда за Меси, сега Барселона е на потег!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јасно, овде се само две решенија и тоа првото е многу извесно, во тоа сите веруваат.

Пишувавме вчера, не е во прашање пари веќе проект, ова се условите на Мси за продолжување на договорот кој истекува во 2018 година.

Меѓутоа, грижите на Барселона за преголемите плати остануваат, не се работи за Аргентинецот, веќе фактот дека не можат да издржат до 70 % од трошоците да одат на примања на играчите.

Мораат да ги зголемат приходите што не е ни малку лесно, ги исцрпија поголем дел од можностите.

Во претседателската кампања во минатата година, некогашниот прв човек на клубот Хуан Лапорта ги обвини наследниците дека ја продадоа душата на Барса.

Но, без оглед на стравот финансискиот директор Граун околу преголемите трошоци за плата на играчите, делува неверојатно дека Меси ќе ја напушти Барселона.

Тие, ако не би го продолжиле договорот мораат да го продадат на лето, или да го пуштат да замине како слободен играч во 2018 година.

Ова другото е неприфатливо во бизнисот, а како што пишуваат англиските медиуми понуда веќе стигна. И тоа не од Кина, Меси одби да се пресели во Хебеи кој му понуди 100 милиони по сезона.

Манчестер Сити наводно стави до знаење на Барселона дека е спремен да го сруши светскиот рекорд и на Меси на година дена пред истекот на договорот да плати 120 милиони евра.

Со тоа ќе биде срушен рекордот на Јунајтед за Пол Погба. Гвардиола јасно го сака Меси, неодамна се пошегува дека Англија е вистинско место за децата да ви учат јазик, но и самиот не верува во таков расплет.

Веројатно е дека Меси сепак на крајот ќе прифати, со јасни се условите да останат Нејмар, Суарез и Маскерано, но и 30 милиони по сезона, односно 60 % бруто. Договорот треба да биде до 2021 година ќе се врати во Аргентина.

Но, Сити и понатака се надева, а ПСЖ веќе разговараше со Хорхе Меси, па и тие се спремни да платат на Лео Меси повеќе отколку Барселона, а веројатно ќе пробаат да му понудат повеќе пари отколку Сити.