„Би скокнал од мост за Енрике“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Енрике многу ми помогна. Веруваше во мене што дојдов во клубот, исто како и соиграчите. Освен тоа, тој беше тој кој бараше јас да дојдам во Барселона. Би направил се за него. Би се фрлил дури и од мост за него.“

Ракитиќ во неделата играше во последните 30 минути во победата против Лас Палмас од 5:0, но не играше против Виљареал додека од клупата ги гледаше натпреварите помеѓу Еспањол и Осасуна.

„Во текот на серијата има падови и успеси. Затоа е потребно да се тренира за да трае подолго успехот.“

Ракитиќ стигна во клубот во 2014-та година од Севиља.

„Горд сум што играм во Барселона. Моја задача е да му помогнам на тимот. Сакам моите соиграчи во секој момент да чувствуваат дека може да сметаат на мене.“