„Талентот не е доволен да играте во Јувентус“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус во неделата доживеаа пораз во дербито во 20-то коло против Фиорентина.

Тие беа поразени со 2:1 од Фиорентина. Играчите на Алегри го одиграа најлошиот натпревар во сезоната, па играчите на Фиорентина заслужено ги освоија бодовите.

По натпреварот фудбалето на Јувентус, Клаудио Маркизио изјави дека некои играчи не се труделе доволно на теренот.

„Ова беше ужасен натпревар за нас. Мораме да мислиме за наредните натпревари, но за тоа да ја поправиме нашата игра. Не е доволно да имате смао талент за да играте во Јувентус, мора да го дадете својот максимум во секој натпревар. Се надеваме дека некои фудбалери ќе се подобрат.“

Јувентус и понатаму е прв на табелата во Серија А со 45 бодови, но само со еден бод повеќе од Рома и натпревар помалку од нив.