Откриено: Јаја Туре имал неверојатна понуда од Кина, тој ја одби! Сега Сити е на ред!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прашањето кое кружи во Манчестер е дали Јаја Туре ќе добие нов договор или не. Тој изгради односи со Пеп, но се најде помеѓу една војна која ја водат агентот на Јаја и менаџерот на Сити.

Покрај сите маки, над главата му се навејаа и кинезите со нивните милиони. Туре имал неверојатна понуда, тоа го потврди неговиот агент. Екипата на Џијангсу Сунинг нудела 600.000 евра неделна плата што на годишно ниво достигнува до 31.2 милиони евра.

Тоа е многу повеќе отколку што заработува во Сити, 250.000 евра неделно.

На Туре му беше јасно дека во Сити нема уште многу време да игра, да му беше до парите ќе прифатеше бидејќи и да добие нов договор тоа ќе биде многу послаб од сегашниот.

„Ќе разговараме кога сезоната ќе заврши. Сакам играчи кои се спремни да дадат многу кога играме против големи екипи“ – вели Пеп