„Бев близу до враќање во Наполи“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Единсон Кавани потврди дека шпекулациите за негово враќање во Наполи не биле лага.

Кавани имаше проблеми пред да започне оваа сезона бидејќи не беше во нападот туку нешто позади Ибра, оваа сезона има друга улога и е фантастичен во нападот.

„Имав шанса да се вратам во Наполи. Во фудбалот се случуваат работи кои не се под ваша контрола туку клубовите одлучуваат. Не играв во нападот минатите години па размислував за враќање. Сепак одлучив да останам во ПСЖ. Уште сум врзан за екипите од Серија А, особено за Наполи“ – изјави Кавани.

Кавани во Наполи играше од 2010 до 2013 а пред тоа беше член на Палермо.