Силекс на подготовки во Анталија – Закажани и противниците


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот прволигаш Силекс се одлучи да оди на подготовки во Анталија.

Кратовци таму ќе бидат од 27-ми јануари до 9-ти февруари.

Силекс ќе одигра пет пријателски натпревари во Анталија. На 30-ти јануари ќе одигра натпревар против германски Хамбург 08, а на 1-ви февруари против Динамо Тбилиси од Грузија. Два дена подоцна ќе игра против Милс;ами од Молдавија, на 5-ти февруари против Балмазујварош од Унгарија и пријателските натпревари во Анталија се завршуваат со Тобол од Казахстан.

Во Силекс пристигна и ново име, Филип Глигоров кој игра на позицијата десен бек и стигна од Шкупи.