Франција со максимален ефект – Исланд ја „прегази“ Ангола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес на програмата од Светското првенство во Франција се одиграа 2 натпревари од 20:45.

Во првиот натпревар од групата А помеѓу Русија и Франција, домаќинот на ова СП стигна до убедливата 4-та победа по ред и со тоа се зацврстија на првата позицијата во групата.

Апсолутна доминација од првата до последната минута од натпреварот. Во првиот дел од натпреварот Франција прва стигна до водство и успеваше постојано да го одржи и во ниту еден момент да не му дозволи на противникот да се врати во натпреварот.

Франција на полувремето замина со водство од 16:11.

Второто полувреме повторно помина во знакот на Франција. Тие успеваа да играат како што сакаат, а Русите се мачеа да постигнат гол против домаќинот, па затоа и на крајот Франција беше подобар противник и победи со 35:24.

Најдобар стрелец беше Дипанда со 8 постигнати голови.

Во натпреварот од групата Б помеѓу Ангола и Исланд, фаворитот Исланд ги оправда очекувањата и со оваа победа стигна до 4-то место во групата со 3 бодови.

Како што се очекуваше, така и тргна Исланд. Од минута во минута го зголемуваше своето водство и на полувремето замина со предност од 16:8.

Ангола во вториот дел покажа малку подобра игра, но тоа не беше доволно за да направат нешто повеќе и поради тоа останаа заковани на дното во групата.

Исланд успеа да победи со 33:19, а најдобар стрелец беше Гунарсон кај Исланд со 8 постигнати голови и Лопес кај Ангола со 8 постигнати голови.