Јувентус купи напаѓач за иднина – Платен е 12 милиони евра и беше на мета на Наполи (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се е договорено, во четврток потпишување на договорот.

Можете да се викате како сакате и да имате богата историја, но во Италија на старата дама никој не и е рамен. Се виде тоа и пред неколку дена кога Јувентус му го украде на Милан дефанзивецот, Матиа Калдара и на Аталанта му плати 25 милиони евра, а истата приказна беше потврдена и денес. Бјанконерите дефинитивно купија напаѓач за иднина и тоа од Асколи. Се работи за Рикардо Орсолини, момчето кое долго беше на мета на Наполи.

Трансферот денес беше потврден од страна на раководството на Наполи. Се работи за трансфер вреден 6.5 милиони евра плус исто толку пари за бонуси. Еден од најталентираните изданоци на италијанскиот клуб потпиша договор до 2022-ра година, а ќе има годишна заработка од 500 илјади евра.

Орсолини во четврток ќе пристигне на медицински прегледи во Торино и ќе потпише договор.

Напаѓачот потоа ќе се врати во Асколи каде ќе ја доигра сезоната, а на лето ќе стигне во новиот дом.

Во склоп на договорот Асколи ќе добие неколку млади фудбалери на Јувентус на позајмица.

Она што е Баерн во Германија, тоа е Јувентус во Италија. Никој ништо не им може.