Кандрева го однесе Интер во 1/4 финале – Болоња падна на Џузепе Меаца после продолженија (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер на Џузепе Меаца ја совладаа Болоња после продолженија со 3:2 во натпревар од 1/8 финалето во купот на Италија.

Дури во 34-та минута го видовме првиот погодок на Џузепе Меаца. Џејсон Муриљо постигна прекрасен погодок со ножички за водство на Интер. Пет минути подоцна Паласио зголеми на 2:0.

Џемаили две минути пред крајот на првото полувреме погоди за 2:1.

Болоња во второто полувреме преку Донсах кој погоди со глава го израмни резултатот и ги постави конечните 2:2.

Кандрева во 98-ма минута му донесе победа на Интер и пласман во 1/4 финале во купот на Италија.