Напаѓач на Челси на прегледи во Мидлзборо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Утре се ќе биде обелоденето, Мидлзборо купи напаѓач на Челси.

Според информациите кои ги има Скај Спортс, фудбалер на Челси Патрик Бамборд ќе стане нов играч на Мидлзборо.

Пишувавме дека преговорите почнаа и дури се приведува на крај, а сега изгледа дека во целост се завршени поради тоа што 23-годишниот напаѓач ги договори сите услови.

Бамфорд во првиот дел од сезоната беше во Барнли, а во претходната недела е повикан од страна на Челси да се врати во клубот.

Интересно е дека напаѓачот веќе беше во Мидлзборо и тоа во сезоната 2014/15 кога постигна 19 голови во сезоната.

Утре ќе видиме и дефинитивна информација од страна на двата клуба, како и конечните услови кои се постигнати меѓу Мидлзборо и Челси.

Скај споменува дека се работи за продажба и дека екипата на Антонио Конте ќе заработи 10 милиони фунти.