Марсеј веќе троши, стигна млад репрезентативец на Франција


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Марсеј ќе проба да доведе неколку засилувања во овој преоден рок, на сите во центарот на вниманието е Димитри Паје, но засега од тој трансфер нема потврда никаква, освен дека овој репрезентативец на Франција е спремен да се врати.

Сепак, Марсеј веќе потвди доаѓање на еден фудбалер, а во прашање е играч кој досега играше за Монпење, Морган Сансон.

Овој 22-годишен фудбалер е еден од најдобрите играчи на Монпеље во оваа сезона, игра за репрезентацијата на Франција, а во оваа сезона одигра 19 мечеви во Лига 1 и постигна 3 гола.

Игра на позиција централен играч за врска, а информацијата дека ќе премине во Марсеј е потврдена и од страна на двата клуба.

Марсеј плати за овој трансфер износ од 9 милиони евра, а Сансон потпиша договор на 4 и пол години.