Заминува во легендите – Чаби Алонсо ја завршува кариерата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фантастичниот Шпанец се одлучи да ја заврши кариерата на крајот на оваа сезона.

Како што пренесува германски „Билд“, шпанскиот фудбалер Чаби Алонсо ја игра својата последна сезона како професионален фудбалер.

Двојниот освојувач на Лигата на шампионите, победник на СП и ЕП, како и двоен освојувач на Бундеслигата и освојувач на Примера, својата одлука ќе ја соопшти наскоро, а одма после него тоа треба да го направи и неговиот соиграч Филип Лам, капитенот на Баерн.

На Алонсо договорот истекува на крајот на оваа сезона, а после разговорот со челниците на клубот Алонсо се одлучи да се повлече од фудбалот.

Шпанскиот играч кој е познат по својата техничка карактеристика, со одлична пас игрра и шут од далечина, веќе има 35 години и вистинско време е да ја заврши својата кариера.

Дали тоа ќе биде на најдобар можен начин освојување на ЛШ со Баерн, останува да видиме.

Кариерата ја почна како играч на Реал Сосиедад, а после тоа играше во Ливерпул, Реал Мадрид и сега во Баерн.