Милан не се откажува од проектот: Бонавентура дупло поголема плата и договор до 2020!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На популарниот Џек, претходниот договор истекува на лето 2019 година, но на основа на тој договор годишно примаше околу милион евра.

На Сан Сиро нема откажување од проектот наречен – враќање на големиот Милан.

По многу мина најдобар играч на овој тим Џакомо Бонавентура потпиша нов договор со Росонерите, со дупло поголеми примања, па во градот на модата ќе остане до 2020 година.

Бонавентура во Милан стигна во последниот ден од летниот преоден рок во 2014 година од Аталанта, со оштета од 7 милиони евра, а неговото ангажирање се испостави како една од најдобрите инвестиции на Росонерите во последните неколку години.

Малиот играч за врска набрзо стана клучен играч на овој тим, за кој досега одигра 91 натпревари во сите натпреварувања и постигна 18 голови.