„Сине, не си ти  за Јунајтед! Имаш до јуни да ме убедиш во спротивното…“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси и Тотенхем, наводно, само чекаат сигнал да тргнат во напад…

Долго навивачите на Манчестер Јунајтед се прашуваат зошто во тимот го нема Лук Шо и како тоа кај Жозе Мурињо нема место за момчето кој пред две и пол години е платен дури 38 милиони евра?

Долго оваа мисла поминуваше низ главите на приврзаниците на Ѓаволите и ги мачеше, посебно бидејќи последниот лигашки меч го одигра уште на 29 октоврми, а генерално против Вест Хем на 30 ноември, во Лига куп. Влијателниот Индипендент се занимава со оваа тема, ги откри сите карти и ги стави на маса.

Ситуацијата е јасна – Жозе Мурињо не е задоволен од англискиот репрезентативец и спремен е да го стави на трансфер листа! Мурињо долго време е згрозен со ситуацијата што Шо воопшто не напредуваше, во ниту еден сегмент.

А тоа што посебниот го згрозува е тоа што Шо, не покажува желба да за работите да ги промени и да се потруди да направи чекор напред во кариерата.

Мурињо во текот на оваа сезона изврши неколку разговори со некогашниот бисер на Саутемптон, очи во очи. А во последниот, наводно, Мурињо бил јасен – или поправи се, или оди!

Португалецот порача на Шо дека има рок до крајот на сезоната да го убеди дека може да биде играч достоен за дресот на Јунајтед, а дотогаш ќе биде на сериозни тестови за способност.

Индепендент пишува и дека во редот за купувачи веќе застанаа Челси и Тотенхем. Пејачите многу ќе зависат од идната на Дени Роуз, кој го следат многу европски гиганти.

Додека Челси бара играч кој би се вклопил во системот на Антонио Конте и би се придружил на Маркос Алонсо.

И така да биде тргнат теретот од грбот на Цезар Аспликуета, со оглед дека Шпанецот многу долго играше принудно на позиција лев бек, сега како стопер, иако по вокација делува по десната страна.