Меси ја соопшти одлуката на челниците на Барселона


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на светот Лионел Меси тврди дека ќе остане член на Барселона.

Меси во последно време често често се поврзува со заминување од редовите на каталонскиот клуб, бидејќи сеуште не потпиша нов договор со клубот.

Сепак, и покрај фактот дека Меси не го продолжи договорот кој му важи до лето 2018 година, тој најави останување и тоа се додека клубот го сака.

„Барселона ми даде се во животот и овде ќе останам се додека во клубот ме сакаат“, рече аргентинскиот велемајстор.

Така Меси барем уште дна година и пол ќе го носи дресот на каталонскиот гигант. Новиот договор сеуште не е договорен, а не негова адреса наводно стигнале исклучително богати понуди од Манчестер Сити и ПСЖ, но и од Кина.

Меѓутоа, засега Меси останува, а до кога, за тоа ќе одлучат исклучиво од клубот од Ноу Камп.

Меси за првиот тим на Барса одигра 555 натпревари и постигна 480 погодоци.