Милан преку врска го доведува мајсторот за акробација на Аталанта


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Папу Гомез пред трансфер на Сан Сиро.

Адријано Галијани сега работи на тоа од миланскиот гигант повторно да направи моќна сила.

Договорот е продолжен со Џек Бонавентура, следниот месец ќе биде продолжен на Донарума, а долго се работи и на доведување на Жерар Деулофеу од Евертон. И покрај се Галијани вчера имаше време да има состанок со агентот на Алехандро Папу Гомез, Џузепе Ризо и разговараа за можноста аргентинскиот крилен напаѓач да се пресели на Сан Сиро.

Газета Дело Спорт соопшти дека Ризо веднаш после состанокот со Галијани веднаш отишол да разговара со раководството на Аталанта. А потоа разговарал и со Гомез со кој вечерал и му ја соопштил веста. Мајсторот за акробација на Аталанта бил воодушевен кога слушнал за интересот од Милан. Најверојатно овој трансфер ќе се реализира на лето.

Гомез до лето ќе биде фудбалер на Аталанта за да не се случи голем егзодус па клубот од Бергамо да испадне во Серија Б.

Секој негов погодок е мајсторија за себе. Оваа сезона постигна 5 погодоци во дресот на Аталанта.