Унгарија го декласира аутсајдерот Саудиска Арабија, победа на Египет против Аргентина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На СП во Франција денес со почеток од 14:00 се одиграа два натпревари од четвртото коло.

Унгарија лесно го совлада аутсајдерот Саудиска Арабија со 24:37 во натпревар од четврото коло од групата Ц.

Унгарците одлично го започнаа натпреварот. Четири погодоци во серија за 0:4. Трите погодоци во низа на Унгарија му донесоа водство од 1:7.

Во 14-та минута ракометарите на Саудиска Арабија намалија на три негатива, 5:8. Унгарците го зголемуваа водството до крајот на првото полувреме и после 30 минути игра на семафорот стоеше резултатот 10:17.

Првата двоцифрена предност ракометарите на Унгарија ја имаа во 35-та минута кога Анчин погоди за 12:22.

Пет минути пред крајот на натпреварот Унгарија имаше водство од 21:32. Унгарија на крајот славеше со 24:37 за втора победа на ова СП.

Габор со 9 погодоци го заврши натпреварот најефикасен кај Унгарија. Најефикасен кај Саудиска Арабија беше Садик Алмошин со 7 погодоци.

 

Египет ја победи Аргентина со 26:31 во натпревар од четврото коло од групата Д.

Елахмар и Абуебаид погодија за 0:2. Фернандез и Симоне во шестата минута го израмнија резултатот, 3:3.

Египет со погодоците на Шебиб, Абделрахим и Елдераа зголемија на три погодоци предност, 5:8. Се играше гол за гол до крајот на првото полувреме и репрезентацијата на Египет на полувреме замина со три погодоци предност, 10:13.

Трите погодоци на Шебиб во низа и едниот на Санад му донесоа водство на Египет од 12:18. Виејра со два погодоци во низа намали на 14:18.

Абделразек и Елдераа погодија за 15:21. Санад со два погодоци во низа зголеми на 7 погодоци предност, 17:24.

Виејра и Пизаро три минути пред крајот на натпреварот намали на четири погодоци негатива, 23:27. Египет на крајот победи со 26:31 за трета победа на ова СП.

Мохамед Шебиб, Мохамад Санад и Мохамед Елбасиуни со по 5 погодоци го предводеа Египет до победа. Федерико Виејра со 12 погодоци беше најефикасен во репрезентацијата на Аргентина.