Евертон ја одби понудата од Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ОД Гудисон порачаа на управата на Росонерите дека позајмица не доаѓа во предвид.

Долго веќе се зборува за интересот на Милан за Жерар Делуфеу, кој во оваа сезона не е стандарден во Евертон.

22-годишниот крилен фудбалер запиша 13 настапи за Карамерлите во тековната сезона, јасно е дека не е во прв план кај Роналд Куман и најверојатно наскоро ќе го напушти Гудисон Парк.

Меѓутоа, на позајмица во Милан не може да оди.

Управата на екипата од Гудисон ја одби понудата на Милан за „сува“ позајмица, бараат Милан да се обврзе за откуп  на играчот.

За детето на Барселона се интересираат уште Мидлзборо и Ајакс.