Баерн не губи време – замена за Алонсо стигнува за 80 милиони евра!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Карло Анчелоти веќе ја означи главната мета во летниот преоден рок.

Билд во утрово ја изненади Германија со информација за пензионирањето на Чаби Алонсо и Филип Лам на крајот на сезоната, а во текот на попладнево веќе почна и да се шпекулира околу имињата на фудбалерите кои ќе го заменат шпанскиот играч за врска на Алијанц Арена.

Знаеме дека пред неколку дена Баерн ги договори сите детали за соработка со играчот за врска Себастијан Руди од Хофенхајм, но познатиот весник открива дека тренерот Карло Анчелоти сака уште еден централен играч за врска во својата моќна машинерија, со цел истовремено и Тијаго Алкантара да може да го помести понапред, каде што може да биде поопасен отколку како централен играч за врска.

Изборот на одличниот Италијанец е Марко Верати (25), неговиот сонародник и момче од доверба, кој соевремено го доведе во Пари Сен Жермен.

Проба Карло да го намами и во Реал Мадрид, додека го тренираше Кралскиот клуб,  но Светците не сакаа тогаш да го пуштат.

Италијанскиот репрезентативец во октомври го продолжи договорот со шампионот на Франција до лето 2021 година, а доби и навистина добра годишна плата од дури 10 милиони евра, па прашање е дали е расположен за преселба.

Но, од друга страна, дали Верати смее да каже НЕ на својот тренерски татко?

Поради тоа што Чаби Алонсо го извести Алонсо за одлуката дека на лето ќе ја заврши кариерата, Италијанецот одма пренесе на челниците на клубот дека го интересира само Верати чија цена се проценува на дури 80 милиони евра.

Доколку 35-годишниот Шпанец не се предомисли и да ја повлече одлуката која ја донесе, Баварците ќе мораат да тргнат по играчот за врска на Аѕурите, а ќе имаат конкуренција во Интер и Јувентус кои се споменуваат во текот на јануари како заинтересирани за Верати.

Во секој случај, не очекува интересно лето, а како досега Баерн не чекаше да почне преодниот рок веќе однапред резервираа засилувања не би требало да се изненадиме, ако веќе во наредните денови почнат преговори на релација Минхен – Париз, пишува Билд.