Диего Коста не можеше да дознае подобри вести


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Диего Коста вчера се врати на тренинзите со тимот на Челси по караницата со Конте.

Кoста минатата недела имаше караница со Конте поради која тој не играше на натпреварот против Лестер.

Сепак, вчера тој се врати на тренинзите и почна да се шпекулира дека тој бил казнет со 185.000 фунти.

Меѓутоа денес се појавија информации дека Абрамович одлучил Коста да помине неказнето, па најверојатно ќе биде во конкуренција за наредниот натпревар на Челси.

Пред почетокот на денешниот тренинг Коста мораше да дојде 1 час порано за да разговара со стручниот штаб на тимот.