Му „помина рокот„ на Шо, нов лев бек на мета на Јунајтед!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лук Шо во Јунајтед пристигна како големо засилување и беше сметан како светла иднина за одбраната.

Повредите сепак го направија своето, тој за 2ипол години одигра само 41 натпревар.

По се изгледа со своите повреди не покажа никаков напредок, а токму тоа е тоа што го мачи Мурињо.

Јунајтед е заинтересиран за бекот на Селтик Кјаран Тирни, но сега на мета е и бекот од Монако, Бенџамин Менди.

Менди беше во Марсеј, па ова лето се пресели во Монако.

Во дресот на Монако е прилично стандарден, одигра 14 натпревари и три пати се запиша во листата на асистенти.

Ги бранеше боите на младите селекции на Франција, а наскоро се очекува да заигра и за првиот тим.