Готово е – Депај се сели во Франција!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според медиумите во Европа, фудбалерот на Манчестер Јунајтед доби дозвола да замине од Манчестер.

Претходно се појави информација дека Депај се договори со Лион, но Манчестер не ја прифатил понудата на тимот.

Последните информации кои се појавија покажуваат на тоа дека Јунајтед попуштил и дека наскоро Депај заминува од клубот.

Неколку понуди, кои за услугите на Мемфис дојдоа во Манчестер беа одбиени, а последната наводно изнесувала 16 милиони евра, но сега Лион одлучил да додаде и некои бонуси со кои понудата ќе стигне до 22 милиони фунти.

Со Лион е договорена и клаузула, според која Депај може да се врати во Манчестер Јунајтед.

По се изгледа како фер понуда од тимот од Франција, доколку Депај кој има голем потенцијал успее да ја оживее кариерата, тогаш тој ќе стигне до големи успеси и можеби повторно ќе заигра во Манчестер.

Депај во Јунајтед стигна од ПСВ како големо засилување и наследник на Кристијано Роналдо. Платен беше 25 милиони фунти, а дојде по барање на Ван Гал.

Во дресот на Јунајтед одигра 52 натпревари во 2 сезони и постигна 7 голови.