АО: Гаске и Раониќ без проблеми се пласираа во 3-то коло!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Натпреватите од програмата во АО немаа некои поголеми изненадувања, освен елиминацијата на Новак Ѓоковиќ.

Ноќта ја отвори Гаске со победа во 3 сетови против Карлос Берлок со 6:1, 6:1 и 6:1.

Убедлив беше и Буста кој лесно стигна до победа против Кајл Едмунд со 3:0, по сетови 6:2, 6:4 и 6:2.

Без изгубен сет помина и Жил Симон, кој успеа да го победи Да Силва со 3:0, како и Колшрајбер против Доналд Јанг.

Милош Раониќ исто така со 3:0 го победи Милер додека Иво Карловиќ со 6:4, 6:4 и 6:4 го победи Ендру Витингтон.