Солскер е подготвен за тренерски предизвик


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскер е подготвен за нови предизвици.

Наводно, тој добил дозвола од Молде да разговара со ФС на Норвешка за превземање на репрезентацијата.

Солскер во есен 2015 година по втор пат седна на клупата на Молде, кој го тренираше и во период од 2011 до 2014 година. Тој за овој клуб настапуваше пред 1996 година кога премина во Јунајтед.

Со Молде ја освои титулата и смета дека е доволно зрел за нови предизвици.

Тој има 43 години, а како тренер имаше шанса да го води Кардиф, како и Манчестер Јунајтед.

За Норвешка одигра 67 натпревари и постигна 23 голови.