„Ова не е добро, нешто се случува“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Два порази по ред сериозно ги погоди Реал и Зидан.

Прво новиот напаѓач на Севиља, Стеван Јоветиќ му пресуди на Реал во 92-та минута кога го погоди Реал и така ја прекина серијата од 40 натпревари без пораз, а потоа следуваше пораз од Селта во купот и тоа на домашен терен.

„Два порази по ред, нешто се случува. Одигравме два чудни натпревари. Мораме што е можно побрзо да се освестиме и да тргнеме да ги поправаме резултатите. Не знам што се случува, но мора наскоро да откриеме.“

Во наредното коло во Примера, Реал на свој терен ќе го дочека тимот на Малага.