„Судиите не се на наша страна“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Младиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле смета дека судиите се престроги кон неговиот тим, за што зборува и бројот на картони кои им се покажани.

„Не е нормално ние да сме екипа врз која се направени најмногу прекршоци, многу повеќе отколку што имаме направено, а повторно да имаме многу жолти картони,“

„Не го разбирам тоа. Ме нервира тоа што во последните 5 или 6 натпревари противниците направија голем број тактички прекршоци, а за тоа не беа казнети.“

„Би сакал кога судиите би реагирале побрзо и порешително. Има играчи кои направија прекршок врз мене и поминаа без картон.“

„Во ЛШ е поинаку, картони се покажуваат за секој втор или трет старт.“