Шампионот на Азија е исфрлен од натпреварувањето за наредната сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Корејскиот клуб Чонбук Моторк нема да биде во можност да ја брани титулата во ЛШ на Азија, бидејќи е суспендиран од тоа натпреварување за наредната сезона.

Чонбук кој минатата година во финалето беше подобар од Ал Аин со 3:2, е исфрлен поради скандал со лажирање натпревари во домашното првенство.

На клубот му беа одземани 9 бодови, по што беше потврдено дека еден од нивните скаути му дал мито на судија во 2013 година.

Поради губење на бодови, титулата на крајот замина кај Сеул. Па Јеј Јунајтеде кој беше трет на крајот на сезоната, ќе оди во ЛШ наместо Чонбук.