АО: Заврши женскиот дел за денес – Вилијамс подобра од Сафарова


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Последниот натпревар кој се играше денес на АО беше помеѓу Сафарова и Серена Вилијамс.

2-та носителка на турнирот, а воедно и фаворитка во овој натпревар стигна до победата за 1 час и 27 минути со 2:0 во сетови, односно 6:3 и 6:4.

Натпреварот започна смирено, без поголеми возбудувања и 5 неискористени брејк топки од страна на Сафарова, но затоа потоа Вилијамс во 8-от гејм прави брејк и со 6:3 го освојува првиот сет.

Добро го започнаа натпреварот и 2-те натпреварувачки вториот сет, а Вилијамс не успеа да искористи 2 брејк топки во првиоте гејм, како ниту Сафарова веднаш потоа. Се играше смирено до 3:3, а потоа следуваше брејк од страна на Вилијамс која потоа сервираше добро до крајот и победи.