Борис Бекер – Шокиран сум, Новак играше премногу дефанзивно!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер изјави дека е шокиран со елиминацијата на неговиот поранешен играч од Денис Истомин.

„Навистина сум шокиран. Новак играше премногу дефанзивно. Истомин играше трпеливо и го користеше шансите. Целосно заслужена победа за него.“

Со оглед на тоа дека Истомин беше аутсајдер, можеше да се очекува да се одлучи за дефанзива, но тој сепак напаѓаше. Најмладиот шампион на Вимблдон сепак не е изненаден со таквата игра на играчот од Узбекистан.

„Истомин покажа уште еднаш дека има добра техника и силен сервис. Беше агресивен и тоа беше клуч на победата.“